

Компанијата Анин-С е основана во декември 2010, посветена на продажба и сервис на кумплунг сетови за товарни и полутоварни возила. Идејата за основање на компанијата се наметна природно како резултат на големата потреба од сервис на стари и продажба на нови кумплунг сетови за камиони, автобуси и трактори, во нашиот регион.

Водењето на компанијата во суштина е засновано на огромното искуство и експертиза во повеќедецениското работење со товарни и полутоварни возила. Еден од основачите на нашата компанија има посетувано разни курсеви и има стекнато соодветни сертификати. Заедно со други експерти од Европа, Азија и Африка, во самите производствени капацитети на најголемите производители на камиони, имаше можност да се запознае со најновите технолошки трендови и пракси во производството и техничкото одржување на товарните возила.
Во Април 2017 г. станавме дистрибутери и овластени сервисери на реномираната компанија за производство на кумплунг сетови Ruen-Inox Automobile www.ruen.com.mk
Анин-С низ неколку слики: